Tuesday, May 28, 2013

Критична маса #13: Скопје на точак, големо да растеш!

Датум: 29.05.2013
Тргнување: 17:30, паркинг кај Веро Центар

Забава: 19:00, на платото пред МКЦ

Промотивни материјали: линк.
Facebook настан: линк.
Рута: линк.

Известување до медиуми: линк.


постерот за КМ 13


1 година од првата Критична маса во Скопје.
12 заеднички возења, 12 различни теми и неколку директни акции. 


Посочувајќи на проблемите во Скопје и предностите од возењето точак, стотици граѓани возеа заедно, покажуваа дека постојат и дека Скопје мора да обрне внимание и на велосипедскиот сообраќај!

Илјадници граѓани на најразличен начин изразија поддршка на желбите за подобри услови за возење точак!

Дојдете повторно и оваа среда на роденденската критична маса, повторно да се повозиме заедно и да го славиме возењето точак! 

Облечете ги највеселите и најшарените партали што ги имате во вашиот шкаф. Земете свирчиња, вувузели, балони, транспаренти. Земете ја целата позитивна енергија со вас и фиксирајте ја насмевката на вашите лица, because it's party time! :D

Тргнуваме во 17.30 од паркингот до Веро Центар, а завршуваме околу 19:00 пред МКЦ, каде што ќе има журка! Па роденден ли е, што ли е? :)

Пред МКЦ ќе не' чекаат:

- Фонија
- Човекот од Хром ака ЛД Пистолеро, Љупа Д Џон ака Ѓон, Вселенковци и Гоце САФ


Патeката ќе не' прошета до Лисиче и назад по булевари, улици и сокачиња по кои многумина од нас никогаш не поминале. Тука патеката подетално:



View Критична маса - Скопје на точак #13 - роденденска in a larger map


Добредојдени се сите кои возат точак и сите кои ја поддржуваат желбата за почист, порелаксиран и поубав град. 


Нека заѕвонат 1000 ѕвончиња за подобар вело-град!

Да покажеме дека не’ има многу и да растеме, отворајќи простор за уште поактивна година со поголема критична маса!

Скопје на точак, големо да растеш!


*Внимавајте на себе и на другите.
*Секој учесник вози на своја одговорност.

Friday, May 24, 2013

Бањане, Скопско

Кратка  рута од околу 30 километри.
Гледавме да го искористиме времето, бидејќи не врнеше па се решивме за возење до Бањане.
Тргнавме од Ѓорче, па Волково, низ Орман преку Лепенец до Бразда, Глуво, Чучер- Сандево па Бањане.

10 минутно искачување до каменоломот, после тоа следеше убава удолница до село Бразда









Патот беше асфалтиран на делови со дупки, на делови со песок поради што удолницата беше ризично со мазни гуми. Плус и камиони прелетуваат на 5 минути, препорачуваме внимателно возење.
Археопаркот, Бразда




Улица Тоше Проески во село Глуво

Свежо асфалтиран пат, милина за возење

Време за одмор и закуска, краставица.

Одмор во Горњане па после тоа патот назад

Стариот мост
Новиот мост преку кој се поминува Лепенец

Поминавме убав без разлика на тоа што возењето беше кратко.

Tuesday, May 14, 2013

#4 Невреме


    Го погодив времето за возење...

Saturday, April 27, 2013

Катланово

Неколку недели по ред времето убаво, но овој викенд беше навистина топло, прогнозираа 30 степени, што значи летото скоро стигна.
Овој викенд тотално неиспланирано се решивме за Катланово.
Патот одприлика ни беше познат, должината исто така, фалеше само да тргнеме.


Најдосадното возење е излегувањето од градската гужва.
Прво застанавме да наполниме вода и да каснеме малку во црквата Св. Спас во Маџари.


Одкако се наполнивме, тргнаме полека со желба што побрзо да стигнеме.
Како што поминуваше времето се повеќе се затоплуваше и се повеќе прифаќав дека временската прогноза била точна.

 Патот беше добар, на некои места калдрма, на некои места распукан, некаде милина за возење.
Одприлика до Петровец беше прилично тесно, покрај тебе прелетуваат камиони и камикази, понатаму е скоро па празно и е одлично за возење.


 Совет за другите, задолжително носење наочари бидејќи неколку пати солидно ме треснаа неколку бумбари во близина на очите, плус изедовме и неколку мушички, јас не ги ни осеќав всушност.
Јас сум алергичен на полен и прашина, па и проблем ми беше тоа што кивав многу често и очите ми солзеа, сепак не беше премногу страшно.




 Одкако го поминавме Катланово тргнавме нагоре, кај бањите, да одмориме и да каснеме нешто под сенка.
Стигнавме за одприлика 2 часа со поминати 39 километри.































Се распославме, сушевме се што е испотено, земавме нешто од продавничката после 2 неуспешни обиди да се погоди кусурот и легнавме да одмориме, 15 минути дремка и како нови.
Околу нас почнаа да се собираат кучиња и мачиња, едно од нив беше толку дрско што си помисли дека точакот мој е дрво па се опушти и си мочна на него, Бојана умрее од смеење, јас од викање.




























После саат време одмор, го фатиме патот за надоле, одевме од другата страна па имавме и еден спуст што не освежи убаво.
За назад возевме побрзо темпо, времето беше топло, без трошка ветер.



























На крај километражата покажуваше 82 километри поминати за 4 часа и 16 минути.
Одличен ден.


Sunday, April 21, 2013

Марков манастир 19.04-20.04.2013

Петокот прогнозираа убаво време, сонце со малку облаци, за сабота сончево цел ден, колку знаат да погодат друга работа.
Се спакувавме и кај 12 саат тргнавме полека.
До делницата за Драчево па и после камиони колку сакаш, малку е тесно и некогаш прелетуваат премногу блиску до тебе.


Стигнавме за одприлика два часа, поголем одмор немавме, застанавме два пати можеби 2 минути  и тоа беше тоа. Сакавме што побрзо да стигнеме зошто задниците почнаа да болат, седиштата ни се ужас.


Купивме во продавничката леб и некои ситници каснавме малку на клупите и тргнавме да си најдеме место на ливадата.
Културата на нашиот народ на "завидно" ниво, огромен контејнер за ѓубре оставен, а пак фрлаат насекаде.

Се сместивме, почнав да барам дрва за вечерта, Бојана дремна малку за тоа време. 


Времето беше добро, дуваше слаб ветер и беше малку облачно, сонце не видовме, сепак не беше страшно.


Ноќта ја поминавме добро, оганот го држевме до 12 часот и седевме покрај него. Се исчисти небото малку па и видовме по некоја ѕвезда, сепак месечината беше јака па и не беше којзнае каков погледот.


Утредента времето беше супер, сонце пукаше. Приметивме пак некој оставил ѓубре покрај тоа што има место за фрлање на ѓубрето. 
Нашиот допридонес.


Го искористивме времето да прошетаме малку.
Само што се загреа почнаа да доаѓаат и луѓе па и мирот се наруши.
Се спакувавме и тргнавме кај 12 часот.
Се враќавме по друг пат, низ Драчево, горно/долно,ново Лисиче. Малку се изгубивме зошто ни беше прв пат да одиме од таму, но прашај еден прашај друг и се снајдовме.




Wednesday, January 9, 2013

#1 Слика


Водно 03.01.2013


Водно, 03/01/2013, прво посерозно возење за оваа година. Времето прекрасно за зимски услови, сонце со 3 степен.
На врвот дуваше јак и студен ветер. 
Бидејќи тргнавме касно од дома, одпрлика 12 ипол, стигнавме таму во 4 часот, па поради тоа за назад и ни се стемни и студеше повеќе од што очекувавме, сепак се облековме убаво и "полека" тргнавме за надоле.
Застанавме кај Рамстор малку да се стоплиме и тргнавме накај дома.
Супер ден.


At the top


Makadam