Sunday, April 21, 2013

Марков манастир 19.04-20.04.2013

Петокот прогнозираа убаво време, сонце со малку облаци, за сабота сончево цел ден, колку знаат да погодат друга работа.
Се спакувавме и кај 12 саат тргнавме полека.
До делницата за Драчево па и после камиони колку сакаш, малку е тесно и некогаш прелетуваат премногу блиску до тебе.


Стигнавме за одприлика два часа, поголем одмор немавме, застанавме два пати можеби 2 минути  и тоа беше тоа. Сакавме што побрзо да стигнеме зошто задниците почнаа да болат, седиштата ни се ужас.


Купивме во продавничката леб и некои ситници каснавме малку на клупите и тргнавме да си најдеме место на ливадата.
Културата на нашиот народ на "завидно" ниво, огромен контејнер за ѓубре оставен, а пак фрлаат насекаде.

Се сместивме, почнав да барам дрва за вечерта, Бојана дремна малку за тоа време. 


Времето беше добро, дуваше слаб ветер и беше малку облачно, сонце не видовме, сепак не беше страшно.


Ноќта ја поминавме добро, оганот го држевме до 12 часот и седевме покрај него. Се исчисти небото малку па и видовме по некоја ѕвезда, сепак месечината беше јака па и не беше којзнае каков погледот.


Утредента времето беше супер, сонце пукаше. Приметивме пак некој оставил ѓубре покрај тоа што има место за фрлање на ѓубрето. 
Нашиот допридонес.


Го искористивме времето да прошетаме малку.
Само што се загреа почнаа да доаѓаат и луѓе па и мирот се наруши.
Се спакувавме и тргнавме кај 12 часот.
Се враќавме по друг пат, низ Драчево, горно/долно,ново Лисиче. Малку се изгубивме зошто ни беше прв пат да одиме од таму, но прашај еден прашај друг и се снајдовме.




No comments:

Post a Comment