Saturday, April 27, 2013

Катланово

Неколку недели по ред времето убаво, но овој викенд беше навистина топло, прогнозираа 30 степени, што значи летото скоро стигна.
Овој викенд тотално неиспланирано се решивме за Катланово.
Патот одприлика ни беше познат, должината исто така, фалеше само да тргнеме.


Најдосадното возење е излегувањето од градската гужва.
Прво застанавме да наполниме вода и да каснеме малку во црквата Св. Спас во Маџари.


Одкако се наполнивме, тргнаме полека со желба што побрзо да стигнеме.
Како што поминуваше времето се повеќе се затоплуваше и се повеќе прифаќав дека временската прогноза била точна.

 Патот беше добар, на некои места калдрма, на некои места распукан, некаде милина за возење.
Одприлика до Петровец беше прилично тесно, покрај тебе прелетуваат камиони и камикази, понатаму е скоро па празно и е одлично за возење.


 Совет за другите, задолжително носење наочари бидејќи неколку пати солидно ме треснаа неколку бумбари во близина на очите, плус изедовме и неколку мушички, јас не ги ни осеќав всушност.
Јас сум алергичен на полен и прашина, па и проблем ми беше тоа што кивав многу често и очите ми солзеа, сепак не беше премногу страшно.




 Одкако го поминавме Катланово тргнавме нагоре, кај бањите, да одмориме и да каснеме нешто под сенка.
Стигнавме за одприлика 2 часа со поминати 39 километри.































Се распославме, сушевме се што е испотено, земавме нешто од продавничката после 2 неуспешни обиди да се погоди кусурот и легнавме да одмориме, 15 минути дремка и како нови.
Околу нас почнаа да се собираат кучиња и мачиња, едно од нив беше толку дрско што си помисли дека точакот мој е дрво па се опушти и си мочна на него, Бојана умрее од смеење, јас од викање.




























После саат време одмор, го фатиме патот за надоле, одевме од другата страна па имавме и еден спуст што не освежи убаво.
За назад возевме побрзо темпо, времето беше топло, без трошка ветер.



























На крај километражата покажуваше 82 километри поминати за 4 часа и 16 минути.
Одличен ден.


No comments:

Post a Comment